
ИНТЕРВЈУ СИЛД: Ги подигаме стандардите за подобри услуги за клиентите во финтек индустријата
По повод одбележувањето на 15-годишнината и
ребрендирањето на компанијата, имавме можност да разговараме со Тармо Силд, за
време на неговата кратка посета во Скопје и Iute Македонија.
Iute годинава прослави 15 години од своето
постоење на голем настан во Талин каде што беа присутни менаџерите на Iute од
сите земји. Одбележувањето на 15 години од постоењето се случува во ист момент
со официјалниот почеток на ребрендирање на компанијата. Која е приказната зад
ребрендирањето, кои се вашите стратешки цели и планови за во иднина?
СИЛД: Брендот останува ист, тоа е Iute. Iute значи и
„многу брзо“ и „зачинето“ на романски. Го избравме ова име уште во 2008 година,
кога го основавме бизнисот во Молдавија, затоа што ни требаше име кое кажува
кои сме, како работиме и лесно се разликува од останатите и визуелно и суштински.
Брзината и ефикасноста отсекогаш била наш приоритет и двигател се со цел да им
создадеме несекојдневно искуство на нашите клиенти. Просечност за нас не постои.
Во овие 15 години присуство на финансискиот пазар, ние континуирано се
развиваме. Започнавме со пласирање на кредити на рати преку нашата сопствена
мрежа на филијали, се до моментот кога сфативме дека на луѓето им се потребни
средства во моментот кога купуваат. Така започнавме да нудиме кредити на рати
преку мрежа на трговци, што за нас значеше уште едно ниво на комплексност,
бидејќи вклучува партнери. Тоа за возврат еволуираше во услугата инстант
плаќање преку апликацијата MyIute. Го зголемивме нашето финансирање преку
обврзници на Франкфуртската берза на 125 милиони евра. Во 2020 година
лансиравме сопствена мрежа на банкомати без картички кои се користат преку
апликацијата MyIute. Ниту една банка на Балканот никогаш не го направила тоа.
Во 2022 година купивме банка во Молдавија, а во 2023 година станавме
институција за електронски пари во Албанија. На долг рок го гледаме Iute како
давател на банкарски услуги за сите граѓани од Балканот, како во рамки на својата
земја, така и во Европската Унија. Финансиската технологија нема граници, а ние
сме доказ дека со многу посветеност и иновации, достапноста до услугите нема
физички бариери. Да претпоставиме дека
сте во Скопје и започнувате да пласирате кредити во Естонија, на илјадници луѓе
кои не ги познавате. Како го правите тоа, без притоа да се изложите на
инвестициски ризик, во регион во кој не се ни зборува вашиот јазик? Сето ова е
возможно само ако имате силна организациска структура, тимски вредности и
технологија која го контролира работниот процес, текот на пари, податоците и
искуството на клиентите. Активностите треба да имаат јасен приказ и да се
следат преку монитор. Мора да сте финтек.
Во случајов, ние бевме тие двајца, но од Талин, кои дојдовме во Македонија.
Денес работиме во Албанија, Македонија, Бугарија и Молдавија, како и во
Германија и Балтичките земји каде што се наоѓаат нашите инвеститори и седиштето
на Iute. Во седиштето на групацијата се вработени 65 луѓе, двајцата главни
акционери на групацијата се од Естонија, а останатите акционери се наши вработени
од сите земји на Iute.
Ребрендирањето во едноставно „Iute“ испраќа јасна порака дека повеќе не сме
само кредитна компанија. Ние сме компанија која нуди дигитализирани финансиски
услуги – плаќања, инвестиции, кредити и други услуги. И сето тоа на инстант и
удобен начин, што значи завршување на
работите преку паметен телефон. Секако, она што дополнително не разликува од
останатите е одговорното и транспарентното работење, и кон сите релевантни
финансиски чинители, и пред се кон нашите клиенти.
Iute успешно реализираше голем број проекти во
2023 година, вклучувајќи го и лансирањето на IutePay, институцијата за електронски
пари во Албанија. Може ли да ни го објасните ова малку повеќе?
СИЛД: IutePay ги претставува платежните услуги на групата Iute, исто како што
IuteCredit ги претставува кредитните услугите на Iute. Со IutePay клиентите
можат да имаат своја сметка кај нас, да чуваат се кај нас и да вршат плаќања
користејќи ги сите современи методи, како и традиционалните методи на готовина
и картичка. Нашиот клиент може да си го плати кафето со QR-код и трговецот
односно сопственикот на кафулето може да ги добие парите веднаш. Станува збор
за е-дигитален, транспарентен, безбеден и сигурен начин на плаќање кој веќе не
е само желба, туку реалност. Првите клиенти во Албанија си го платиле кафето
користејќи само QR код во апликацијата MyIute, додека трговците ги користеле
своите паметни телефони наместо POS терминали за прифаќање на уплатата. Дополнително нашите провизии за
трговците се помали од вообичаените трошоци за MasterCard или Visa. Тоа ја
менува играта на долг рок.
Овој начин на плаќање сè уште не е достапен во Македонија, но планот е оваа
услуга што поскоро да стане достапна за граѓаните. Во моментот се одвива процесот
на лиценцирање.

Iute Macedonia како дел од групацијата Iute работи
во Македонија од 2017 година. Како сте позиционирани на пазарот во земјата и
како Iute Macedonia се разликува од другите компании во вашиот сектор?
СИЛД: Ние сме најголемото финансиско друштвово Македонија, со кредитно портфолио
близу 25 милиони евра и повеќе од 25 000 активни клиенти. Значи, од таа гледна
точка, тоа е успех. Нудиме долгорочни кредити на рати кои го подобруваат
квалитетот на животот на нашите клиенти. Кредити во износ до 250.000 денари и
до 48 рати, по проценка на кредитоспособноста на клиентот. Ние не нудиме кредити
со еднократна отплата.
Од друга страна, моравме да вложиме поголем напор да објасниме што
правиме и како правиме. Како лидери на пазарот, наша обврска е да го едуцираме пазарот и корисниците и да
донесеме дигитални алатки кои им го олеснуваат животот, притоа исполнувајќи ги
сите закони.
Предизвик е дигитализацијата, предизвик е
воведувањето нови технологии, предизвик е учењето од грешки, а предизвик е и
влегувањето на пазарот. Правењето грешки не е предизвик, но да се препознае
грешката и да се поправи грешката навистина е. Има многу работи што можевме да
ги направиме подобро – но да одиме постојано
напреде најважен
предуслов.
Би сакал да мислам дека се разликуваме од
конкуренцијата затоа што за клиентите и за трговците нудиме многу напредни
решенија со MyIute.
Внатре, ние сме добро организиран победнички тим кој работи во повеќе култури и
средини. Наша цел е да понудиме многу повеќе од кредити во Македонија.
Големината ни даде и некои предности, но и поголеми обврски кон општеството.
Како македонските граѓани ги прифаќаат модерните
дигитални алатки понудени од финтек компаниите?
СИЛД: Естонија официјално е дигитално
најнапредната земја-членка во ЕУ. Како Естонец, можам само да се восхитувам на
упорноста на постарите генерации во Македонија да стојат во редици. Сум видел
редици пред филијали на
банка, редици на банкомати или редици на каси. Друга контроверзност е тоа што
кога луѓето стојат во редица, тие сè уште го гледаат својот паметен телефон. Областите поврзани со пари сè уште
не се целосно префрлени на
дигиталните платформи, додека
пак вестите, социјалните мрежи и меѓусебните разговори
речиси сите ги користат овие платформи.
Од друга страна, мојот поглед е пристрасен. Верувам дека поголемиот дел од луѓето
кои ја напуштиле земјата се повеќе запознаени со финтек индустријата, односно
услугите на Iute. Но, ме радува дека и во Македонија можеме да видиме
подобрувања. На пример, апликацијата MyIute ја преземале повеќе од 110.000 луѓе
и ова е многу добар показател за потребите и интересите на граѓаните.
Во 2017 година нашите производи беа
револуционерни на пазарот, ние понудивме кредити „без хартија” за само неколку
минути, од аплицирање до исплата. Со тоа, почнавме да ги менуваме стандардите
за клиентско искуство во финтек индустријата. Пред постоењето на финтек
компаниите, граѓаните чекаа со недели само за одговор на кредитно барање,
требаше да се оди во банка, да се чека на шалтер, да се доставуваат документи,
да се потпишуваат барања, да се уплаќаат провизии за обработка, да се чека на
долготрајни мануелни анализи, исплата…. Сето тоа се сведе на неколку клика од
домашен компјутер или мобилен телефон, и неколку минути искуство. Со ова се
изврши притисок и врз ригидниот банкарски сектор да нѐ следи во иновациите, кои
во развиениот финансиски свет се одамна во примена. Како лидери на пазарот, имаме обврска да го едуцираме населението и да донесеме дигитални алатки кои им го олеснуваат
животот, водејќи
се од принципите на одговорно кредитирање.

Iute поседува 95% од акциите во Energbank S.A. и
планира да стане целосен сопственик, а дополнително минатиот месец ве назначија
за член на надзорниот одбор на Energbank. Какви се вашите планови во банката?
СИЛД: Чест ми е што се приклучувам на надзорниот одбор на Energbank, бидејќи ова е уште една пресвртница за
нас во трансформацијата на банката. Работиме на беспрекорна интеграција на
Energbank во групацијата Iute, во паралелен од со дигитализацијата. Нашата цел
е да го “ослободиме” потенцијалот на банката, за истиот да може да придонесе кон
растот на групацијата. Ќе ги оптимизираме принципите на управување и ќе ги
подобриме аспектите кои се насочени кон клиентите, технологијата и податоците.
Кои се идните планови за групацијата?
СИЛД: Да се прошириме и да станеме уште подобри, во насока на уште подобро и
поквалитетно опслужување на клиентите! Тоа е всушност целта, а планот е тоа да
го постигнеме со подобрување на внатрешната ефикасност во тимовите, на начинот како
работиме, како комуницираме, како ги менаџираме активностите и процесите… .
Има долга листа на активности што треба да се преземат. Од друга страна, планот
е да го лансираме IutePay во секоја земја каде што имаме клиенти, воедно вклучувајќи
се поинтензивно во е-трговијата преку услугата ,,инстант плаќање” или услугата ,,купи сега плати подоцна”.
До крајот на 2023 година, очекуваме да имаме повеќе од 250.000 клиенти кои
работат со групацијата. Консолидираниот биланс на состојба се проценува дека ќе
надмине 350 милиони евра. Очекуваме приходи од најмалку 100 милиони евра и
консолидирана нето добивка од над 12 милиони евра. Она што е особено важно е да
продолжиме да учиме и растеме како тим, благодарни на сите оние кои ни ја препуштија довербата и лојалноста, луѓето
кои ги користат нашите услуги – клиентите. Особено сум горд што тука во земјава
имаме одличен тим кој е способен да постигне големи работи и да се носи со сите
предизвици.
