Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ ДAВЧЕВ: Eлектронската идентификација на ИутеКредит со сигурност ја зголемува безбедноста за клиентите
Економија

ИНТЕРВЈУ ДAВЧЕВ: Eлектронската идентификација на ИутеКредит со сигурност ја зголемува безбедноста за клиентите

27/02/2023

AA

ИутеКредит
Македонија е водечко финансиско друштво на пазарот со стратешка определба за
инвестирање и воведување на најнови технолошки решенија, со кои се
овозможува брз и едноставен пристап до финансиски средства. Над 60% од бројот
на месечни апликации за кредит се преку дигиталните канали, додека пак
дигиталното потпишување е застапено со над 90% од вкупниот број на потпишани
договори. Во исто време, ИутеКредит има и широка партнерска мрежа со повеќе од
350 трговски партнери, каде може да се користат услугите за плаќање на рати на
компанијата.

ИутеКредит, исто така е единствено друштво кое користи Апликација односно
овозможува користење на мобилните телефони преку интерфејси (Apps) за пристап
до финасиските услуги, со што достапноста до услугите значително се забрзува. Сето ова не наведе да поставиме неколку прашања до Татјана Давчев, директор за усогласеност и правни работи и офицер за заштита на личните податоци на ИутеКредит.

Иуте Кредит има целосно
дигитализиран процес на апликација, одобрување и потпишување на кредит. Oд 17
февруари финансиското друштво воведе електронска идентификација за своите
клиенти. Може ли да објасните попрецизно што тоа значи за побарувачите на
кредити?

Дaвчев: Со воведената
електронска идентификација, клиентот го докажува својот идентитет при
воспоставување на деловен однос со Иуте Кредит. Воведената електронска
идентификација е во соработка со компанијата GetID од Естонија, која е докажан партнер на бројни институции во процесот
на електронската идентификација.

За да можат клиентите да ги
уживаат придобивките од овој начин на идентификација мора да имаат: телефон,
односно мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација, телефонски
број, издаден од оператор со дозвола за работа исклучиво во Македонија, валиден
документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош и сопствена
емаил адреса.

Што значи воведената
електронска идентификација на клиентот? Какви поволности добива во овој случај
самиот потрошувач?

Дaвчев: Функционираме во време
кога сите се познаваме едни со други, но со голема веројатност, никогаш не сме
се виделе лице во лице. Оттука, од најголема важност за нас во Иуте Кредит
Македонија е да бидеме сигурни, односно да го потврдиме идентитетот на клиентот
што воспоставува или продолжува деловен однос со нас.

Електронската
идентификација ја зголемува безбедноста на клиентите и во најголема мера
спречува можна злоупотреба на податоците на клиентите.

Друга поволност е
едноставноста на самиот процес. Со цел да обезбедиме наједонставен процес на
електрноска идентификација за клиентите, а во исто време високо ниво на сигурност
и безбедност, целиот процес е интегриран во мобилната апликација MyIute, односно
клиентите немаат потреба да инсталираат дополнителни апликации на мобилниот
телефон.

Во последно време често
во полициските билтени има информации за злоупотребени лични податоци од
измамници кои во име на други физички лица аплицираат закредит. Каква е
ситуацијата со
ИутеКредит? Има ли
такви случаи што се забележани?

Дaвчев: Во секојдневното
работење сме изложени на ризици, вклучително и на ризик од измама. Ние во Иуте
Кредит имаме воспоставено систем за управување со ризици и внимателно го
следиме овој тренд и секојдневно преземаме активности и воведуваме алатки за
оневозможување на измамите. Токму таква алатка е електронската идентификација.
Електронската идентификација со сигурност ја зголемува безбедноста за
клиентите, но сакам да укажам дека заштитата на личните податоци е круг во кој
сме вклучени сите. Ние секогаш ги едуцираме нашите клиенти за мерки кои лично
треба да ги преземаат за заштита на нивните податоци, како на пример, да не
споделуваат лични податоци на социјални мрежи, посебно не на лица кои воопшто
не ги познаваат или на компании за кои не знаат дали физички постојат.
Електронската идентификација која ја воведовме е дел од кругот во кој заштитата
на лични податоци е обврска на секој од нас поединечно и императив за сите нас
заедно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45782
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за постигнат договор со ОАЕ

24/09/2026

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА ГОДИНАВА Министерот Серафимовски

24/09/2026

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот Андоновски во одговор на пратеничко

24/09/2026

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска истакна дека Владата паралелно работи на привлекување приватни инвестиции во центри за податоци

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy