Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интерпелација за министерот Тошковски денеска во Собрание
Македонија

Интерпелација за министерот Тошковски денеска во Собрание

29/04/2025

AA

Во Собранието денеска во 11 часот е закажана пленарна седница на чиј дневен ред се најде интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на „Левица“. Пратениците ќе расправаат за одговорноста на министерот во контекст на поднесената иницијатива.

Интерпелацијата е поднесена на 14 април поради тоа што, според „Левица“, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Пратеникот од редовите на „Левица Сашко Јанчев тогаш на прес-конференција рече дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Првите три основи, според Левица, се немањето никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е законска обврска на МВР, нелегалната употреба на пиротехнички средства и неукажувањето помош од страна на полициските службеници. 

– Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изричито законска обврска на МВР, изјави Јанчев. 

Според „Левица“, МВР потфрлила и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ. 

Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy