Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интер владее во Милано – го презгази Милан со најубедлив триумф по скоро пола век! (ВИДЕО)
Спорт

Интер владее во Милано – го презгази Милан со најубедлив триумф по скоро пола век! (ВИДЕО)

16/09/2023

AA

Интер продолжи да владее во Милано зашто петти пат во низа, во цела оваа 2023 година, го победи својот градски ривал Милан, вечерва најубедливо во последниве неколку децении со 5-1 во пресметката од четвртото коло во Серија А.

Интер, кој заедно со Јувентус се први фаворити за „скудетото“ остана перфектен со четвртата победа сезонава, а вечерва го распарчија градскиот ривал за најубедлив триумф после безмалку пола век, зашто последен пат „нераѕурите“ славеа со 5-1 против Милан во 1974 година.

Интер со оваа џиновска победа ја продолжија серијата започната од јануарскиот триумф со 3-0 во Суперкупот, па победата во Серија А со 1-0 во февруари и потоа двете победи со 2-0 и 1-0 во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Нешто повеќе од пола час на Интер му требаше да исчекори кон победата, прво Хенрик Мхитарјан со гол за водство во петтата, па Маркус Турам со прекрасен гол во 38-та минута.

Marcus Thuram, TAKE A BOW. WHAT A HIT! ⚽️🚀🇫🇷 pic.twitter.com/cCT57Ll53F

— Inter Xtra (@Inter_Xtra) September 16, 2023

Милан преку Рафаел Леао во 57-та се врати во мечот, имаше неколку минути потоа ветувачки напад за втор гол кој го упропастија Рејндерс и Леао, па сѐ заврши откако Мхитарјан во 69-та ја врати предноста од два гола.

Екс-миланезот Хакан Чалханоглу од пенал во 79-та само ги дотепа откако Лаутаро Мартинез избори удар од белата точка, а Давиде Фратези во 93-та минута постигна и петти гол.

За Милан ова е прв сезонски пораз, па „росонерите“ остануваат на девет бода сега на третото место, пред нив е Јувентус со 10 и Интер кој е лидер со максималните 12. Интер пак со воведните четири гола и гол-разликата 12-1, само најави дека сезонава е најсериозен кандидат за „скудетото“.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy