
Интер убедлив против Лацио за финале на италијанскиот Суперкуп (ВИДЕО)
Маркус Тирам го отвори резултатот уште во 17. минута, а победата ја најави Чаланоглу со погодок на самиот старт од второто полувреме од пенал. Точја на триумфот на „нераѕурите“ стави Фратеси со погодок во 87. минута.
Интер во битката за трофејот ќе ги одмери силите со Наполи, кој со идентичен резултат вчера беше подобар од Фиорентина. Средбата ќе се одигра в понеделник исто така во Ријад.
