
Интер со четвртата победа по ред ја задржа убедливата предност во Серија А (ВИДЕО)
Бисек со одличен удар со глава по центаршут на Чалханоглу го доведе составот од Милано до водство пред крајот на првото полувреме, а Барела во 78. минута по феноменална асистенција на Арнаутовиќ, која можеби е најдобра сезонава, го удвои водството и стави точка на посакуваниот триумф. Во вториот вечерашен дуел, Верона со одентични 2-0 го совлада Калјари.
Интер сега како првопласиран има 44 бодови, четири повеќе од Јувентус и дури 11 од третопласираниот Милан.
