
Интер сигурен против Лече, ја намали предноста на Наполи на 15 негатива (ВИДЕО)
Хенрик Мхитерјан во 29-та минута (голот ТУКА) и Лаутаро Мартинез осум минути по стартот на вториот дел (погодокот ТУКА) на Интер му ја обезбедија 16-та сезонска победа по која „нераѕурите“ сега дојдоа до 50 бода, два повеќе од Лацио, три пред градскиот ривал Милан, а шест пред Рома, која вечерва од 20.45 часот го игра дербито на колото со Јувентус.
За Лече ова беше десетти пораз сезонава и остана на 27 бода, девет над опасната зона и првата во истата Верона која има 18 бода.