
Интер се разбуди во второ полувреме и го скрши Торино
По првото полувреме без голови, Интер почна да се буди, а прв во листата на стрелци се запиша Турам во 59. минута, додека водството го зголеми Мартинез само неколку минути подоцна.
Победата од 3-0 на Интер ја потврди Чаланоглу од пенал во третата минтуа од судиското надополнување.
Интер има 22 бода на врвот во калчолигата, по што следи Милан со еден бод помалку, додека Јувентус, Фиорентина и Наполи имаат по 17 бодови.
