
Интер реди победи на патот кон Скудетото, убедлив триумф на Аталанта! (ВИДЕО)
Момците на Инзаги одиграа уште еден фантастичен меч и забележаа убедлив триумф.
Прва на гол се израдува Аталанта, но погодокот на Де Кетеларе беше поништен поради играње со рака.
Во 26. минута Дармијан го отвори резултатот, а во самиот финиш од првото полувреме погоди и Лаутаро Мартинез за водство на Интер од 2-0.
По девет минути игра во вториот дел, Лаутаро Мартинез не реализираше пенал, но одбиената топка дојде до Димарко кој ја смести во мрежата на Аталанта за 3-0.
На 15 минути пред крајот, гол даде и Фратези за конечна победа од 4-0.
По 26 одиграни кола Интер е прв со дури 12 бодови предност пред Јувентус.
