
Интер не стравува дека ПСЖ ќе тргне по Лаутаро!
Повеќе фудбалери се поврзуваат со ПСЖ, но извршниот директор на Интер, Бепе Марота не стравува дека и Лаутаро Мартинез може да замине таму.
„Не сме загрижени. Нема знаци дека ПСЖ или било кој друг клуб ќе се обидат да дојдат до потписот на Лаутаро“, вели Марота.
„Ние сме екстремни оптимисти дека наскоро ќе се договориме за продолжување на соработката. Лаутаро го сака Интер“.
