
Интер како гостин со петарда ја „разнесе“ Монца (ВИДЕО)
Дилемите околу победникот беа решени во првите петнаесетина минути, кога Чалханоглу од пенал и Мартинез обезбедија убедливо водство за миланезите. Чалханоглу по еден час игра го постигна вториот погодок, а точка на средбата ставија Мартинез од пенал и Тирам пред самиот крај на средбата. Песина од пенал во 69. минута го постигна почесниот гол за домаќинот.
Интер со овие три бода остана прв на табелата во Серија А со 51 бод, пет повеќе од Јувентус, кој има и натпревар помалку.
