
Интер е упорен да го купи Лукаку, ќе почне нова рунда преговори со Челси!
Нероазурите вечерва ја добија битката за Фратези, постигнаа вербален договор со Сасуоло и во наредните денови трансферот треба да се комплетира.
Откако ќе завршат со Фратези, Интер ќе ги обнови преговорите со Челси за Ромелу Лукаку.
Се преговара за нова едногодишна позајмица со обврска за целосен откуп наредното лето.

