
Интер ја прегази Верона, важна победа за Лацио, а огромен кикс на Милан (ВИДЕО)
Победникот беше решен во само шест минути во првото полувреме, во кои „нераѕурите“ постигнаа дури три гола. Гаич со автогол ја отвори серијата во 31. минута, Чалханоглу ја продолжи во 36. минута, а веќе во следниот напад мрежата на домаќинот ја затресе и Џеко. Босанскиот фудбалер постигна уште еден погодок во второто полувреме, во кое двапати во листата стрелци се запиша и Лаутаро Мартинез.
Важна победа во борбата за место во Лигата на шампионите оствари Лацио, а огромен кикс и тоа на домашен терен за фудбалерите на Милан. Римјани беа подобри од Сасуоло (2-0) со погодоците на Фелипе Андерсон во 14. минута и на Башиќ во 92. минута, додека миланезите одиграа само нерешено со Кремонезе (1-1). Гостите дојдоа во водство преку Окереке во 77. минута, додека Месија во 93. минута донесе барем бод за миланезите.
Во последниот меч од вечерната програма од 33. коло во Серија А, Рома само ремизира на гости кај Монца (1-1).
Лацио сега е втор со 64 бодови, а Интер четврти со четири бодови помалку, додека меѓу нив е Јувентус со 63 бодови. Милан е шести со 58 бодови, колку што има и петтата Аталанта и седмата Рома.

