Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интензивно паѓа снег во Крива Паланка, службите на терен, забрана за движење на камиони кон Деве Баир
Македонија

Интензивно паѓа снег во Крива Паланка, службите на терен, забрана за движење на камиони кон Деве Баир

26/11/2023

AA

Снежната покривка во Крива Паланка изнесува околу петнаесет сантиметри, a на повисоките места и над 40. Службата за зимско одржување на Јавно претпријатие „Комуналец” е на терен од попладнево и сите улици се расчистуваат навремено, иако интензитетот на снежни врнежи во вечерните часови се засилува.

– Сите екипи се на терен, ЈП Комуналец со целокупната расположлива механизација, специјализирани возила за чистење снег ги расчистува улиците континуирано, додека магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир, го одржуваат екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат”, секција Крива Паланка. Нанесен е абразивен материјал од страна на службите на сите градски и приградски улици, останати се неколку улици од повисокиот реон на градот кадешто поради конфигурација на теренот ќе се пристапи кон чистење и посипување со специјализиран трактор опремен со соодветна опрема за таа намена, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Во делови од општината има прекин во снабдувањето со електрична енергија, додека на повеќе локации има надвиснати гранки од дрвјата, поради големата количина снег.

– Зимската служба е на терен со околу педесетина вработени, кои остануваат на дежурство и ќе работат во текот на ноќта, додаде Митовски.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, прекин на напојувањето со електрична енергија има во следните населени места во Крива Паланка: населба Кошари, ул.„8 ми Октомври”, село Дурачка Река, село Станци, Б’с, Калин Камен, во селата: Дренак, Градец, Габар, Огут, Метешево, Осиче, Мождивњак, Баштево, дел од Конопница.

Оттаму информираат дека тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Надлежните служби на Општина Крива Паланка, пак, ги известуваат граѓаните да ги исполнат задолжителните обврски во состојба на зимски услови.

– Со цел навремено и непречено чистење на снегот и мразот од коловозните површини на улиците во населбите, се молат граѓаните во рок од 24 часа од ова известување , да ги отстранат паркираните возила по улиците односно истите да се паркираат надвор од коловозните и тротоарските површини. Комунално – редарските служби од општината ќе спроведуваат вонредни теренски контроли по улиците и за неотстранети возила од коловозните и тротоарските површини и ќе превземат соодветни законски мерки Исто така се потсетуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на општина Крива Паланка, дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го чистат снегот и ледот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до истите, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Отстранувањето на снегот и мразот од јавните површини пред деловни објекти е согласно членот 22 од Законот за јавна чистота и член 383 од Одлуката за комунален ред и спроведување на подрачјето на општината Крива Паланка.

Доколку сопствениците или корисниците на деловните и други објекти не го чистат снегот и мразот пред нивните објекти, надлежните служби ќе превземат соодветни законски мерки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy