
ИНТЕГРА со осуда за „флагрантниот напад“ врз новинар и медиум од страна на Рамадани
ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија остро го осудува флагрантниот напад врз новинар и медиум, од страна на гостинот Исмет Рамадани во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, која се емитуваше на 01.11.2023 година.
Изнесените непримерни обвинувања за етничка дискриминација, во основа се притисок втемелен на екстремизмите на кои почиваат дел од албанските интелектуалци и политичари.
Наметнување на веќе одамна изветвените тези за наводна дискриминација на албанската етничка заедница во Македонија претставува поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и омраза, наместо толеранција, меѓуетничко почитување и лојалност кон државата Македонија, кои се насушно потребни во овој турбулентен период.
Директно мешање во правото и слободата на новинарите за извршување професионална новинарска работа со закани и ширење на говор на омраза е кршење на уставно загарантираното право на слобода на говор, а со тоа и кршење на Уставот на Р. Македонија.
Секој непримерен обид за напад на новинари и медиуми мора да покрене сериозни реакции од новинарската фела и институциите со цел да се осуди и санкционира ваквиот однос кон новинари и медиуми.
Ја охрабруваме Канал 5 телевизија да поднесат соодветна пријава до надлежните органи за превземање на потребни мерки со цел обезбедување на услови за слободно новинарство и независни медиуми ослободени од секакви закани и притисоци.
