Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инспекторатот на терен – забележани траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани
Македонија

Инспекторатот на терен – забележани траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани

31/03/2023

AA

Траги од нафта кај местото викано Ведрани во Вевчани биле забележани при вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина во фабриката за медицински канабис „Флауер Пауер“.

Надзорот, како што информира Државниот инспекторат за животна средина, бил извршен во присуство на вработени лица од општина Вевчани, а по претходно добиена претставка за еколошка катастрофа за истурен талог од нафта, на локација каде што нелегално бил одложен различен цврст отпад. Талогот од нафта бил истурен нелегално од „Флауер Пауер“, фабрика за медицински канабис при отстранување на стара цистерна за нафта.

– При увидот константирано е дека на локацијата која е нелегално одлагалиште на цврст отпад има остатоци од нафтен дериват измешан со земја. И северно спрема селото Лабуништа има создадено вир од вода во кој се видливи мрсни дамки на површината од водата во пречник од околу два метри квадратни. Наслаги има и на страните од брегот, кои се останати при намалување на водостојот во вирот од вода, стои во соопштението на Инспекторатот.

Инспекциски надзор бил извшен и во објектот за производство на медицински канабис, кој е во изградба, каде, според информацијата, било константирано дека уште нема отпочнато со работа за одгледување на медицински канабис. Во надворешниот дел, пак, како што е наведено, се наоѓала бетонска јама во која имало стара цистерна за чување гориво, која била отстранета за старо железо во отпад. Подот бил тампониран и на еден дел од ѕидната површина имало остатоци од нафтен дериват.

Правниот субјект бил задолжен веднаш да го отстрани исфрлениот отпаден нафтен дериват помешан со земја кој претставува опасен отпад, со овластен постапувач, кој поседува дозвола за отстранување и транспорт од МЖСПП.

Во рок од седум дека треба да достави доказ дека цистерната за гориво е отстранета на соодветно место, по што треба да го извести Инспекторатот.

За утврдената законска повреда, според информацијата, ќе следува соодветна санкција согласно законските прописи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy