Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНФРАСТРУКТУРАТА – ВРВЕН КОМОРСКИ ПРИОРИТЕТ
Економија

ИНФРАСТРУКТУРАТА – ВРВЕН КОМОРСКИ ПРИОРИТЕТ

02/03/2023

AA

Стопанството би бележело подобри резултати ако реализацијата и динамиката на инфраструктурните проекти се финализира во зацртаните временски рамки. Со ова сакаме да ја мотивираме Владата да стави поголем фокус на инфраструктурата на сите нивоа. Истовремено да се побара и поднесе одговорност за доцнењето, односно нерелизацијата на проектите кои се клучни за македонската економија, а стопанството премногу долго чека  на нивна целосна завршница, истакна д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, советник за инфраструктура и економски развој во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија на денешната прес-конференција на тема: „Инфраструктура-врвен Коморски приоритет“.

Важен предуслов за економскиот развој на една земја е економската инфраструктура, која влијае врз деловните можности, но и врз вкупната привлечност на земјата за работа и инвестирање. Еве неколку проекти кои долги години стојат нереализирани: Железничката пруга кон Бугарија, Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, Експресниот пат Градско-Прилеп, Автопатот Кичево-Охрид, Железничката пругата од Битола до Кременица, за која пред еден месец се објави од државата дека е завршена. Но за жал не се само овие проекти. Сите инфраструктурни проекти го заживуваат и градежништвото и другите пропратни гранки во државата и истите влијаат врз зголемувањето на БДП.

„Доцнењето на проектите од патната инфраструктура е нотирано и во последниот Извештај на Европската комисија за реформскиот напредок на државата, каде е наведено дека е потребно државава да го зајакне оперативниот и техничкиот капацитет на сите засегнати институции вклучени во развојот на Транс-европската транспортна мрежа (ТЕН-Т), а за бавната динамика предупредува и Државната ревизија. Добар план на државна инфраструктура и реализација на истиот во најкраток рок значи и големо доближување на земјата во рамките на ЕУ”, потенцираше Георгиева Јовевска.

Комората бара државата да изгради Стратегија за инфраструктура која ќе биде поддржана од сите политички партии и другите засегнати страни и нуди помош во подготовка на анализа и детектирање на инфраструктурните проблеми во државата.

Во однос на потребата од децентрализација на надлежностите од централната на локалните власти Георгиева Јовевска истакна дека за стопанството од голема важност е да се забрза динамиката на децентрализација и да се заокружи процесот. Да се зголемат трансферите од централната кон локалната власт согласно потребата за развој на секоја општина со што ќе се овозможи подобрување на инфраструктурата и условите во сите индустриски зони за компаниите. Исклучително важно е општините да обезбедат можност за развој, од една, како и стабилност во своето финансиско работење од друга страна, за да бидат во можност навремено и во целост да ги извршуваат и своите финансиски обврски кон приватниот сектор.

Вложувањата во инфраструктурата се од витално значење за намалување на невработеноста и на сиромаштијата, за зголемување на конкурентноста на економијата, постигнување забрзан економски раст и порамномерен регионален развој.

На настанот учествуваше и постојниот претставник на УНДП во земјата Армен Григорјан, кој говореше за важноста на децентрализацијата и рамномерниот регионален развој.

„Постигнувањето фер децентрализација и рамномерен регионален развој во пракса е особено важна, но во исто време и исклучително предизвикувачка мисија. Имајќи го предвид нашето богато искуство во оваа област, препорачуваме дека децентрализацијата треба да биде еден од клучните реформски процеси во државата, бидејќи има суштинско значење за креирањето просперитетни општини, кои ќе може да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните и да бидат партнер од доверба на бизнис заедницата. Сепак, мора да бидеме свесни дека ова е комплексен процес чија имплементација бара сеопфатен пристап од сите засегнати страни, вклучувајќи ги Владата, локалните власти, граѓанскиот сектор, меѓународните организации и секако граѓаните“, изјави Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy