Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБРЗА, ПОТРЕБНА Е ПРЕТПАЗЛИВОСТ“: Фајненс тинк и понатаму очекува раст на домашната економија
Економија

„ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБРЗА, ПОТРЕБНА Е ПРЕТПАЗЛИВОСТ“: Фајненс тинк и понатаму очекува раст на домашната економија

11/09/2024

AA

Во вториот квартал од 2024, БДП се зголеми за 2,3 отсто на годишна основа, забрзувајќи во однос на претходните квартали, што е во линија со очекувањата изразени во претходниот
Макроекономски монитор, посочуваат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Притоа напоменуваат дека ова забрзувње на домашната економија е резултат на забавениот пад на извозот (-2,9 проценти), и повторното интензивирање на падот на увозот (-4,5 отсто), како и на растот на
јавната потрошувачка (3,5 проценти). 

– Растот на јавната потрошувачка се поврзува со значајното продлабочување на буџетскиот дефицит од 5,8 отсто за првото полугодие од годината, наспроти првичната
годишна проекција од 3,6 проценти. Во вториот квартал, бруто инвестициите забележуваат благ пад (-1,7 отсто), додека приватната потрошувачка расте со благо забавена динамика (1,3 проценти) – нагласуваат од „Фајненс тинк“ во нивниот последен Маркоекономски монитор.

Притоа укажуваат дека на производната страна, како и претходно, растот на БДП произлегува главно од растот на услугите (3,6 отсто), иако во овој квартал позитивни движења бележат градежништвото
(5,1 процент) и преработувачката индустрија (0,7 отсто), по падовите во претходните квартали. 

– Невработеноста во вториот квартал од 2024 понатамошно се намали на 12,5 отсто. За првпат по повеќе квартали, пазарот на труд манифестира помала воздржаност од претходно,
имајќи предвид дека се креирани близу 4,500 нови работни места, а активноста на населението се задржа како претходно (52,1 отсто). Сепак, забележливо е дека најголем дел од
работните места се создадени во земјоделството и индустријата, додека главните услужни дејности, како трговијата, забележаа намалување на бројот на работни места, и
покрај растот на создадената вредност – појаснуваат од Институтот.

Појаснуваат дека во вториот квартал од 2024, инфлацијата благо забрза на 3,9 отсто (од претходните 3,4 проценти) на годишна основа. 

– Иако овие движења кај цените се во линија со очекувањата за целата
2024 година, преостанатите пренесени ефекти врз цените, потенцијалните варијации кај одредни групи производи, притисокот што доаѓа од стабилниот пазар на труд и растот на
платите (13,3 отсто), како и од потезите на фискалната политика, укажуваат на потребата од понатамошна претпазливост.
Благата позитивна динамика на економијата се очекува да продолжи во 2024 година. Изгледите во поглед на инфлацијата остануваат релативно поволни, но зависат од се’ уште
присутни критични фактори. Finance Think ги задржува претходните проекции за раст на БДП во 2024 од 2,7 отсто и за раст на цените од 3,8 проценти – се нагласува во мониторот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy