ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА НАДМИНА 75 ОТСТО: Се очекува за неколку месеци да биде под 50 отсто
Инфлацијата во Турција надмина 75 отсто во мај.
Во јуни се очекува намалување на инфлацијата, објави француската новинска агенција АФП. Годишната стапка на инфлација во мај била 75,45 отсто, откако во април изнесувала 69,8 отсто. На месечно ниво, цените на производите за широка потрошувачка се зголемија за 3,7 отсто, резимираат податоците на Турскиот завод за статистика, пренесува Франс прес. Годишната стапка на инфлација „многу веројатно“ ќе се намали под 50 отсто до крајот на третиот квартал. До крајот на годината стапката на инфлација ќе се намали на 38 отсто, објави минатиот месец гувернерот на турската централна банка Фатих Карахах. Турција и лани имаше висока инфлација. Во светски рамки, Аргентина има многу висока стапка на инфлација, драстично полоша од таа во Турција.