
Инфлацијата во еврозоната забави на 6,1 отсто, инфлацијата во ЕУ е седум отсто
Годишната инфлација во земјите од еврозоната во мај падна на 6,1 отсто, додека во цела ЕУ изнесува 7,1 отсто, објави статистичката агенција на ЕУ, Евростат.
Ова е пад на годишната инфлација од седум отсто во април во еврозоната и од 8,1 отсто во случајот со ЕУ.
Унгарија имаше највисока годишна инфлација во ЕУ во мај, дури 21,9 отсто. Во неколку земји од централна и источна Европа како Полска и Чешка има инфлација од 12,5 отсто, додека во Словачка и Летонија таа изнесува 12,3 отсто.
Од друга страна, Луксембург има најниска годишна инфлација во мај, два отсто, што е целта на Европската централна банка. Инфлацијата во Белгија изнесуваше 2,7 отсто, а во Данска и Шпанија 2,9 отсто.
На месечна основа, во однос на април годинава, цените не се менуваат, односно месечната инфлација е нула и во еврозоната и во ЕУ.
Основната инфлација во еврозоната во мај изнесува 5,3 отсто. Најголем придонес во инфлацијата имаа храната со 2,54 процентни поени и услугите со 2,15 процентни поени. Индустриските производи учествуваа со 1,51 процентен поен, а енергијата имаше негативно влијание врз инфлацијата со 0,09 процентни поени.
