
ИНФЛАЦИЈАТА СЕ НАМАЛИ: Што поевтини, а што поскапе?
Инфлацијата во јануари е намалена во однос на декември.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари во однос на декември лани е намалена за 0,3 проценти, oбјави денеска Државниот завод за статистика(ДЗС).
Намалувањето е резултат на намалувањето на трошоците на животот кај транспорт за 4,9 проценти, облеката и обувките за еден процент, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,8 проценти и рекреација и култура за 0,7 проценти.
Зголемување на трошоците на животот е забележано кај алкохолните пијалаци и тутунот за 1,5 проценти, рестораните и хотелите за 1,3 проценти, мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 0,6 проценти. Намалување од 1,2 проценти има и кај цените на мало во однос на декември лани. Инфлацијата се стабилизираше и во многу европски земји.
foto freepik.com
