ИНФЛАЦИЈАТА РАСТЕ, ЛИРАТА ПАЃА: Турската валута е на историски најниско ниво
Вредноста на турската лира се намали на ново историски најниско ниво, a инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.
Доларот во 11:10 часот се продаваше за 30,6 лири на меѓународната берза Forex. Годишната стапка на инфлација во Турција забрза на 64,86 отсто во јануари од 64,77 отсто во декември, објави турскиот статистички институт – Туркстат на почетокот на неделава. Гувернерката на Централната банка на Турција (ТЦМБ), Хафизе Гаје Еркан, неочекувано поднесе оставка на почетокот на февруари од лични причини, а за нејзин наследник беше назначен Фатих Карахан, кој изјави дека ќе продолжи со цврста монетарна политика, пишуваат медиумите. Веќе неколку години варира вредноста на лирата. Лани, Турција во еден период беше држава со највисока инфлација во Европа.