Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ИНФЛАЦИЈАТА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ“: Веќе бележи надолен тренд во светот, еве какви се очекувањата за Македонија
Економија

„ИНФЛАЦИЈАТА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ“: Веќе бележи надолен тренд во светот, еве какви се очекувањата за Македонија

03/10/2023

AA

Финансиската стабилност на македонската економија е силна и длабоко зајакната во изминатите години. Банките се добро капитализирани, профитабилни, нивото на нефункционални кредити е прилично ниско, така што не сме загрижени за стабилноста на финансискиот систем на оваа земја, вели Питер Санфеј, потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Санфеј е сигурен оти инфлацијата ќе продолжи да се намалува, оценувајќи дека Народната банка одговорила претпазливо со промислен пристап со зголемување на основните каматни стапки како најдобар начин за да се намали инфлацијата.

– Имавме многу значаен пораст на нашите инвестиции во 2022 година и продолжуваме да се ангажираме во низа проекти во многу сектори од економијата заедно со совети за политики – вели потпретседателот на ЕБОР.

Тој посочува оти инфлацијата беше многу тежок предизвик за глобалната економија во последниве година-две, и дополни дека таа растеше во речиси сите економии. 

– Јас сум сосема убеден дека стапките на инфлација го достигнаа врвот сега, таа е во надолен тренд во глобални рамки и мислам дека тоа ја одразува концентрираната и навремената реакција од страна на централните банки, а исто така и од државите, така што уверен сум дека инфлацијата ќе продолжи да опаѓа во наредните месеци – посочи Санфеј.

Според него, и одговорот на Народната банка на Македонија е соодветен на инфлациските предизвици. Истакна дека Македонија е мала отворена економија и е ранлива на инфлациски шокови коишто ја погодија глобалната економија, но според него Народната банка одговори претпазливо со нејзиниот промислен пристап со зголемување на основните каматни стапки кои како што нагласи Санфеј се најдобриот начин за да се намали инфлацијата. Според него, веќе се гледа успехот од тоа, инфлацијата се врати на едноцифрено ниво и ќе продолжи да опаѓа во наредните месеци. 

– Финансиската стабилност на оваа економија е силна и мислам дека е длабоко зајакната во изминатите години. Гледаме дека банките се добро капитализирани, профитабилни, нивото на нефункционални кредити е прилично ниско, така што не сме загрижени за стабилноста на финансискиот систем на оваа земја. ЕБОР ќе продолжи да биде многу силен партнер на Северна Македонија во наредните години. Активно инвестиравме во оваа земја во изминатите три децении. Имавме многу значаен пораст на нашите инвестиции во 2022 година и продолжуваме да се ангажираме во низа проекти во многу сектори од економијата заедно со совети за политики, а имаме одлична соработка со властите. Клучно за зајакнување на одржливоста ќе биде унапредувањето на реформите што ќе ја приближат оваа земја до нејзината крајна цел за станување член на Европската унија – посочи Санфеј.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy