
Инфлација од 9,4 проценти во Македонија во 2023 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9,4 отсто, а индексот на цените на мало е 7 отсто.
Стапката на инфлација во декември, според Државниот завод за статистика, изнесувала 3,6 отсто, додека индексот на цените на мало забележал пораст од 3,7 отсто.
Зголемувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на виното за 1,3 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7 отсто, пивото за 0,6 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, за 0,3 отсто, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 отсто.
