
ИНДУСТИРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СО ПАД ОД 6,5 ПРОЦЕНТИ: еве кои сектори се засегнати
Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат намалување на индустриското производство од 6,5 проценти во јуни.
Како што пишуваат статистичарите кај секторот Рударство и вадење на камен има пад од 9,5 проценти, во секторот Преработувачка индустрија се бележи опаѓање од
4,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 16,7 проценти.
– Според главните индустриски групи, производството во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи
опаѓање кај Енергија за 13,7 отсто, Капитални производи за 11 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка
за 7,1 отсто. Пораст има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 13,6 отсто, додека кај Интермедијарни
производи, освен енергија е на исто ниво.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни
2023 година, изнесува 94.9 – пишува во соопштението на ДЗС.
