Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Индонезискиот вулкан Мерапи исфрла пепел и гас
Македонија

Индонезискиот вулкан Мерапи исфрла пепел и гас

14/03/2023

AA

Мерапи, еден од најактивните вулкани во Индонезија, денеска исфрли врели облаци од пепел и гас, кои се протегаат два километри по неговата падина, јави ДПА.

Според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности, владина агенција која ја следи вулканската активност, ерупцијата траела 160 секунди, испраќајќи врели вулкански остатоци долж реката Красак.

Нема информации за жртви или штети, но агенцијата ги предупреди жителите и туристите да се држат подалеку од опасната зона во радиус од 5 километри од врвот.

Мерапи, што значи „Огнена планина“ на јавански, се наоѓа на границата со провинциите Централна Јава и покраината Јогјакарта, на околу 400 километри југоисточно од главниот град Џакарта.

Вулканот еруптира со прекини од 2020 година, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

Последната голема ерупција на планината Мерапи се случи во 2010 година, кога загинаа повеќе од 350 луѓе, а околу 400.000 други беа раселени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Еруптираше Етна, облакот од пепел достигна 6.400 метри – на пилотите им е издаден црвен

02/06/2025

Вулканот Етна еруптираше на Сицилија, испраќајќи огромен облак од чад и пепел на небото над италијанскиот остров. Снимките споделени на

Научниците истражуваат зомби вулкан во Боливија, активен за прв пат по 250.000 години

06/05/2025

Утурунџу, планински врв во централниот дел на Андите во Боливија, е познат како зомби вулкан бидејќи, иако не еруптирал повеќе

Приходите од руската нафта и гас паѓаат

08/04/2025

Буџетските приходи на РУСИЈА од нафта и гас нагло се намалија во првиот квартал, како одраз на високата споредбена основа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy