
Индонезија: Во ерупцијата на вулканот Марапи загинаа 22 лица, по еден се уште се трага
Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот Марапи во Индонезија денеска се искачи на 22, откако спасувачите пронајдоа уште девет безживотни тела на планинари кои загинаа недалеку од кратерот, објави шефот на Службата за пребарување и спасување на Западна Суматра.
Околу 200 спасувачи утре ќе ја продолжат потрагата по уште еден исчезнат планинар, се наведува во извештајот на Ројтерс.
Вулкан висок 2.891 метар во Западна Суматра еруптираше во неделата, исфрлајќи облаци со сива пепел до три километри во атмосферата.
