
Индонезија и Русија потпишаа договор за екстрадиција
Индонезија и Русија потпишаа договор за екстрадиција, објави Ројтерс. Министерот за правда на Индонезија го поздрави потегот, за кој рече дека треба да ги зајакне активностите за борба против прекуграничниот криминал, од перење пари до сајбер криминал.
Договорот го потпишаа индонезискиот министер за правда и човекови права Јасона Лаоли и неговиот руски колега Константин Чуиченко на церемонија на туристичкиот остров Бали. „Ова е многу важно бидејќи ни помага да се справиме со транснационалните злосторства како што се компјутерскиот криминал, перењето пари, дрогата и корупцијата“, рече Џејсона.
Индонезија има дипломатски односи со Русија од 1950 година и тие остануваат добри и покрај војната во Украина.
Минатата година, индонезискиот претседател Џоко Видодо ги посети Москва и Киев во обид да ги рестартира мировните преговори и да бара начини како да го донесат житото на светските пазари.
Руските граѓани се меѓу најголемите групи странски туристи кои пристигнуваат во Индонезија, покажува статистиката. По ублажувањето на мерките за Ковид, во периодот од септември до јануари годинава над 77.500 руски граѓани ја посетиле Индонезија.