
ИНДИСКА АГЕНЦИЈА НУДИ РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА: Објавена е листата на плати
Индијци ќе работат во Македонија, а објавени се и платите. Индиската агенција за вработување во странство Jobstars India објави оглас во кој се нудат 7 вида работни позиции во Македонија за плата од 550 до 850 евра во зависност од работните задачи.
Работниците ќе добијат бесплатно сместување и храна. Највисок износ на плата им се нуди на инжинери, меѓу 750 и 850 евра, потоа на заварувачи и возачи со Ц категорија меѓу 550 и 700 евра месечно. Од 550 до 650 евра плата ќе добијат хигиеничари, ѕидари, керамичари, ѕидари со природен камен. Агенцијата го објави огласот и на социјалните мрежи Фејсбук и Икс.