Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?
Економија

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

16/04/2024

AA

Во текстилот и во
туризмот генерално се задоволни од „увезената“ работна сила од странство. Велат
дека овие луѓе ќе им помогнат нормално да тече работниот процес и да одговорат
на клиентите. Од двата сектори објаснуваат дека на странските работници им треба
одреден период за да се адаптираат кај нас, но сепак се трудат да се докажат на
работното место.

„Доколку
работниците не одговораат, газдите немаат обврска да ги задржат. Нормално, тоа
е исто како престанок на работен однос. И нашите работници кога ќе отидат во
Германија и Хрватска и доколку не ги исполнуваат обврските, секако дека нема да
ги задржат. Работниците кои дојдоа се одговорни, имаат работна дисциплина,
имаат почит кон работата“, вели Maријана Перковска од Текстилниот кластер.

Поради
иселувањето на Запад и немање соодветна работна сила во земјава, имаме странски
работници кои работат во повеќе сектори. И во македонските хотели работат
странци.

„Таа работна сила
може да ги исполни критериумите. Една средна оценка за почеток може да се даде.
Можеме да им дадеме оценка 4. Луѓето доаѓаат во нова средина. Сакаат да работат,
се трудат да не бидат избркани, ја почитуваат работата. Имаат желба, сакаат да
останат и да ја завршат чесно работата и најчесто се ангажирани на позиции чистачки,
собарки, помошници во кујна. Евентуално некој готвач што треба да поднаучи повеќе
за нашата кујна. Кој и да е му треба еден месец да влезе во шема, затоа што сите
работи не се исти. Да почнеме од една чистачка, тие хемиски средства што се
користат тука, не се исти како во нивните земји. Земаа еден период како мал
тренинг, но нема да видите дека не работат, дека забошотуваат, дека некој седи
во работно време. Си ја извршуваат работата. Имаме работници од Непал, од
Индија, од Филипини има, ама не многу. Чекаме до крајот на април нови работници
да стигнат. Има  300-400 работници што не
се стигнати“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Тој додава дека
странските работници ќе им бидат од голема помош, ќе им помогнат да услужат
повеќе гости, а од тоа бенефит ќе има и државата.

Инаку, пред една
недела, газда од Прилеп пријавил во полиција дека четири работници од Непал му
избегале, односно не се вратиле во куќата каде престојувале. Според податоците
на Агенцијата за вработување, објавени лани во ноември, во Македонија има
работници од Турција, Косово, Србија, Албанија, Индија, Непал, Украина, Русија,
Грција. Тие работат како градежници, електричари, армирачи и слично. Владата
лани ја зголеми квотата за
работни дозволи на странци од 5.000 на 7.000.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy