Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Индија изврши воздушни напади врз девет цели во Пакистан
Македонија

Индија изврши воздушни напади врз девет цели во Пакистан

07/05/2025

AA

Напнатоста меѓу Индија и Пакистан повторно ескалираше откако индиските вооружени сили синоќа извршија воздушни напади врз девет цели на територија на Пакистан и во спорниот регион Џаму и Кашмир, кој го администрира Исламабад, соопшти утрово индиската армија.

Според соопштението, акцијата била дел од операцијата „Синдор“ и била „фокусирана, умерена и неескалирачка по природа“. Индиската армија нагласи дека нападите не биле насочени кон пакистанските воени сили, туку дека биле внимателно избрани цели, без цел да се поттикне дополнително насилство.

„Индија покажа значителна воздржаност. Ниту една пакистанска воена база не беше погодена. Нашата акција беше насочена, одмерена и не предизвика ескалација“, се наведува во соопштението објавено од Би-Би-Си.

Операцијата следува по смртоносниот напад врз туристи минатиот месец во индискиот дел на Кашмир, за кој властите ги обвинуваат милитантите со поддршка од Пакистан. Во тој напад загинаа 26 лица.

Медиумите објавија видео-снимки со звуци од експлозии во близина на градот Музафарабад во пакистанскиот дел на Кашмир, при што очевидци изјавија дека настанала прекин на електрична енергија. Според западни извештаи, се слушнале повеќе силни експлозии на неколку локации.

Индиската армија на социјалната мрежа X објави порака во која се наведува: „Правдата е задоволена, победа за Индија“, придружена со хаштагот #PahalgamTerrorAttack, што се однесува на нападот врз туристите.

Пакистан, од своја страна, одговори со артилериски напади врз областа Бхимбер Гали во регионот Пунч-Раџаури, на индиската страна од Кашмир. Портпаролот на пакистанската армија изјави дека Исламабад „ќе одговори на нападот во време и на место што самиот ќе го одреди“.

„Сите наши борбени авиони се во воздух. Ова е срамен и кукавички напад што дојде од индискиот воздушен простор“, додаде портпаролот Ахмед Шариф Чаудри за телевизијата Гео ТВ.

Чаудри потврди дека во нападите загинале најмалку три лица – двајца цивили во областа Котли и едно дете во градот Ахмедпур Исток. Повредени се најмалку уште 12 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја осуди акцијата на Индија, оценувајќи ја како „срамна“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy