
ИНЦИДЕНТИ ВО СРБИЈА: Граѓани фрлаа со јајца – опозицијата ги оспорува изборните резултати
Коалицијата „Србија против насилството“, која ги оспорува резултатите од изборите во Белград, организираше протест и бара нивно поништување. Мирослав Алексиќ и Маринка Тепиќ започнуваат штрајк со глад до поништување на изборите во Белград, објави Тепиќ вечерва пред зградата на РИК.
Dobra energija.
Dosta mladih i penzionera. #izbornaprevara #izbori23 #Beograd #SrbijaProtivNasilja pic.twitter.com/YE6OoTicWc— Maja Vukas (@M2aja) December 18, 2023
Лидерите на водечката опозициска коалиција имаат намера да отидат во зградата на РИК и да бараат повторување на изборите во Белград поради, како што велат, бројните нерегуларности.
– Бараме РИК и Градската изборна комисија да ги поништат изборите во Белград, поради измама и нерегуларност на резултатите, поради нарушување на изборната волја на граѓаните на Белград. Ќе ги одземеме сите докази и материјали што ги собравме во текот на вчерашниот ден, а кои недвосмислено укажуваат дека резултатот што го постигна Српската напредна партија во Белград е постигнат благодарение на луѓето кои беа донесени да гласаат во Белград, дури и ако не живеат таму. Имаме ситуација кога министерот на Босна и Херцеговина дојде да гласа, што е без преседан и не станува збор за некаква регуларност. Затоа, овие избори мора да бидат поништени – изјави за Данас Мирослав Алексиќ, еден од носителите на листата „Србија без насилство“.
Тој најави дека заедно со колегите пратеници ќе влезат во зградата на РИК и нема да излезат додека не се исполнат нивните услови.
Srbija Protiv Nasilja.
:kolorizovano: pic.twitter.com/b5ihOTndee— Дечкотзар (@Dechko20) December 18, 2023
Насобраните граѓани со извици крадци, арамии се упатија кон РИК.
Фотографии и видео на следниов линк.
Фото: Принтскрин/Твитер
