
ИНЦИДЕНТ ВО РУМА: Mомче со ракетен фрлач пукало на напуштена железничка станица
Српската полиција го уапси момчето кое со ракетен фрлач пукало на напуштена железничка станица кај Рума.
Станува збор за 25-годишното момче кое од ракетен фрлач пукаше на напуштена железничка станица во селото Платичево. Околу 14 часот настанот е пријавен во Полициска станица Рума. Во инцидентот нема повредени. Неофицијално, младиот човек неодамна е пуштен од невропсихијатриско лекување.
На 7 мај, полицијата во Рума уапси 41 годишен маж кој се закануваше дека ќе убива во градот.
