
ИНЦИДЕНТ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО КУМАНОВО Корисничка заврши во Ургентен по напад од две жени

Инцидент ја вознемири јавноста во Куманово. Корисничка на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ била физички нападната од две други кориснички.
Случајот бил пријавен вчера во 16:55 часот во СВР Куманово. Од Ургентниот центар информирале дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот.
Од Домот за стари лица потврдија дека се запознаени со настанот. Посочија дека ќе го почекаат целосниот извештај од полицијата пред да преземат конкретни мерки.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
.
