
Инаки Вилијамс донесе гостинска победа за Атлетик Билбао (ВИДЕО)
Атлетик Билбао има фантастичен старт на сезоната во Ла Лига, со 13 бодови во првите шест кола во моментов е на третата позиција.
Вечерва беа подобри од Алавес со 2-0. Инаки Вилијамс со гол во 18. минута го отвори резултатот.
По негова асистенција во 76. минута Сансет ги постигна конечните 2-0 за Билбао.
