Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ИМАМЕ ПАРИ,ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ“: Србија најави купување делови од пристаништата во Солун и Пиреја, еве зошто им требаат
Регион

„ИМАМЕ ПАРИ,ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ“: Србија најави купување делови од пристаништата во Солун и Пиреја, еве зошто им требаат

14/02/2024

AA

Економски за Србија би било исклучително важно да купи делови од пристаништата во Солун и Пиреја, сметаат тамошните експерти. За ваква намера зборуваше и претседателот Александар Вучиќ на отворањето на Српско-грчкиот бизнис форум на кој присуствуваше и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. Тој посочи дека Србија е подготвена да купи одредени капацитети во пристаништата во Солун и Пиреја.

– Србија се повеќе ќе извезува, мора да имаме пристаниште – посочи Вучиќ. 

– За нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиреја, дури и да купиме дел од пристаништето, одредени капацитети од пет до 10 проценти. Имаме пари, тоа не е проблем. Треба да имаме побрз извоз во светот и разговаравме за тоа. Кога ќе го зголемиме производството на автомобили, со рудници, железарници, тоа ќе ни треба – потенцира Вучиќ.

Зборувајќи за развојот на деловните врски меѓу Белград и Атина, професорот на Економскиот факултет Љубодраг Савиќ оценува дека најважна намера на соседите е да купата делови од пристаништата во Солун и Пиреја и потсетува дека вековниот сон на Србија е да оди на море. Како што објаснува тој, тоа треба да се гледа во поширок контекст, не само како можност за пласирање на стока, туку и како транзитна рута што ќе ја користат многу земји, особено Кина, бидејќи тоа е нејзината влезна врата на европскиот пазар. 

– Овде е особено важен фактот што Кина го купи пристаништето Пиреја во Атина, што е нивна отскочна штица за економски влез во ЕУ – истакнува Савиќ за „Новости“. 

– За Србија е многу важно да се најде на европскиот пат на свилата на Кина, бидејќи најголемиот дел од стоката што доаѓа од таа земја ќе поминува низ Србија.

Тој оценува дека земја адекватно се подготвува преку проектот за модернизација на железницата од унгарската до северномакедонската граница, што е исклучително важно. Ова, додава тој, создава добри претпоставки за доаѓањето на инвеститорите.

-Тој европски коридор треба што поскоро да се изгради и за нашата стока и за транзит – истакнува Савиќ. – Тогаш ќе дојдат инвеститори и оние кои имаат високо ниво на современа обработка на производите. Сето тоа ќе овозможи голем економски напредок на Србија.

Според него, инфраструктурните капацитети се секогаш значајни, иако можеби краткорочно не даваат резултати, долгорочно се исклучително корисни. Како што наведува, Србија Кинезите ја избрале како порта кон Европа.

– Инвестираа во три големи фабрики, имаат сериозни намери – нагласува Савиќ. – Станаа лидер во светот, ќе го диктираат светскиот развој. Ние и целиот свет ќе учиме од нив. Секогаш е добро да се има некој како Кина како сериозен и добар партнер.

Србија, како што посочува, треба да се држи до главниот коридор од Европа до Солун и Атина.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy