
ИМАЛО НЕДОСЛЕДНОСТИ ВО НЕЈЗИНИОТ ИСКАЗ: Повторно е сослушана дадилката на Коста Кецмановиќ
Повторно е повикана на сослушување дадилката на Коста Кецмановиќ (13), момчето кое на 3 мај изврши масакр во своето училиште во Белград, затоа што имало повеќе недоследности во нејзиниот исказ.
Според неофицијални информации, таа го чувала Коста од неговиот 11-ти месец до масакрот, но немала информација дека момчето воопшто знаело да пука.
Дадилката изјавила дека иако поминала 12 и пол години со него и мислела дека го знае најдобро од сите, била во шок поради масакрот, вели извор од порталот Republika.rs кој е близок до истрагата.
Жената нагласила дека нема сознанија дека момчето знаело да пука.
„Никогаш не го видела со оружје, ниту знаела дека оди на стрелиште и знае да употреби оружје. Не ни забележа дека го интересира истото“, вели изворот.
Жената понатаму изјавила дека Коста бил примерно момче, со добри манири.
„Таа го опиша Коста како вредно и паметно дете кое никогаш не правело проблеми. Бил одличен ученик и имал спортски воннаставни активности“, вели изворот.
Дадилката негирала дека знаела дека таткото го учи момчето да пука.
Коста уби 10 луѓе, девет ученици и еден возрасен човек, вработен во училиштето како обезбедување. Потоа се слуќи уште еден масакр во Младеновац, каде младо момче уби повеќе луѓе, по што Србија презема мерки за разоружување.