
ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС
Азербејџан објави дека поднел барање за членство во БРИКС кој го предводат Бразил, Русија, Индија, Јужноафриканската Република и Кина.
„Азербејџан официјално поднесе барање за членство во БРИКС“, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ајкан Хиџизада.
Во заедничката декларација усвоена во текот на неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Азербејџан на 18-ти и 19-ти август, e истакната поддршката на Русија за членството на Баку во блокот.
Повеќе од деценија блокот ги вклучуваше само петте држави. Меѓутоа, годинава во јануари му се приклучија Иран, Обединетите Арапски Емират, а Саудиска Арабија, Турција, Алжир и други земји потврдија дека разговараат за таков чекор. Аргентина по смената на власта на почетокот од годинава го повлече своето барање за членство.