Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМААТ ДОБРА КОНДИЦИЈА И ЕНТУЗИЈАЗАМ: Луѓе пред пензија заминуваат на сезонска работа во Хрватска
Економија

ИМААТ ДОБРА КОНДИЦИЈА И ЕНТУЗИЈАЗАМ: Луѓе пред пензија заминуваат на сезонска работа во Хрватска

22/02/2024

AA

Луѓе во
поодминати години одат на сезонска работа во Хрватска. Станува збор за луѓе кои
се пред пензија, ги има и мажи и жени, кои се во добра кондиција, сакаат да
работат и преку лето одат во Хрватска.

Милан Џинлев од
агенцијата Приорити солуции за вработување од Скопје објаснува дека иако
најголем дел од кандидатите се на возраст од 22 до 54 години, сепак има и луѓе
кои се на возраст од 58 и 60 години и одат на сезонска работа во Хрватска. Тој
вели дека на овие луѓе треба и им се дава 
шанса, затоа што сакаат да работат.

„Тоа се најчесто
сопружници, или група пријатели кои одат на сезонска работа во Хрватска, потоа
се враќаат овде, си ги трошат заработените пари и потоа идната година пак одат.
Ги има и мажи и жени. Додека ги исполнуваат условите, односно имаат искуство за
работната позиција за која бараме кандидати, тоа е потребно за да можеме да ги
доведеме до интервју, треба да им се даде шанса без разлика на годините. Обично
се вработуваат во Хрватска како собарки или помошници во кујна. Тие се
ентузијасти и се во добра кондиција, така што можат да работат. Се пријавуваат
луѓе од сите градови. Воедно, таму ќе сретнат луѓе на свои години, ќе прошетаат
и тоа е добро за нив. Добро е да слушнеме за такви позитивни примери“, вели
Џинлев.

Многу луѓе во
својство на посредници регрутираат работници. Тие наведуваат дека вештините на
работникот се најважни.

„Јас барам пекари
за работа во Макарска. Поврзан сум со газда од таму и обично се јавуваат луѓе
на возраст од 35, 40,  50 или најмногу 55
години за работа. Ако е повозрасно лицето треба да се види дали ќе одговара за
она што се бара“, вели посредник.

Секоја година
илјадници Македонци заминуваат на работа во странство. Хрватска е една од
омилените дестинации за нашинците поради близината, јазикот, висината на
платите. И Хрватска има потреба од голема број сезонци поради одливoт на
хрватското население во побогатите земји од Европската Унија(ЕУ). Според
пишувањата на медиумите во Хрватска и регионот, од година во година расте и
бројот на хрватски пензионери кои домашниот буџет го потполнуваат со тоа што
работат со половина работно време. Лани во мај скоро 29.000 пензионери работеле
со половина работно време.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy