Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ЗАКОН, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРЕКИНЕ РАБОТИТЕ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС: Бесими смирува, трезорот ќе работи и покрај најавите за штрајк на вработени во финансии
Економија

ИМА ЗАКОН, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРЕКИНЕ РАБОТИТЕ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС: Бесими смирува, трезорот ќе работи и покрај најавите за штрајк на вработени во финансии

26/12/2023

AA

Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека трезорот ќе работи и ќе се вршат сите буџетски плаќања и покрај најавите за блокади од вработени во Министерството за финансии – членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ),  а како реакција на времената мерка од Уставниот суд со која се запре исплатата на надополнувањето за 30 отсто на нивните плати. 

Бесими денеска на новинарско прашање рече дека се отворени да разговараат и оти до конечната одлука од Уставниот суд не може да се пристапи кон потпишување колективен договор. Веќе имале средба со претставници на УПОЗ, а во меѓувреме вработените во Министерството за финансии ќе регистрираат синдикат и ќе ги завршат потребните процедури.

-Има закон и никој не може да ги прекине работите што се од јавен интерес. Тоа е кривично дело. И да има штрајк има точни прописи во законот како се спроведува штрајкот, кога дел од вработените дежураат, а  дел штрајкуваат.  Тоа е по Устав и закон и тоа ги штити интерсите на граѓаните. И претходно сум рекол дека кадрите на финаискиот пазар треба да имаат соодветна плата и стоиме на тоа. Одлуката е на Уставен суд којшто е независна институција од извршната власт. Има времена мерка и во период додека трае времената мерка и нема конечната одлука не може да пристапат кон потпишување колективен договор  на хипотетичка ситуација, рече Бесими, на прашање по прес-конференцијата во Владата. 

Правото на организирање синдикати и колективни договори, дополни, е регулирано со нашите закони,  го почитуваме и ги охрабруваме тие што сметаат дека така ќе ги реализираат правата да го направат  тоа согласно закон. Меѓутоа, нагласи Бесими, во ниту еден случај нема да има штрајк или некој да не прима плата, или некој да не изврши плаќања од Буџет или трезор. Тоа ниту било прашање, не знам дали имало таква комуникација, но сакам да биде јасно – ниту некој од вработените во финансии, и затоа јас ги почитувам нив, нема таква најава, ниту некој помислил дека ќе го затвори Трезорот и нема да работи. Тоа нема да се случи. Граѓаните и стопанството и сите меѓународни институции треба јасно да знаат дека во финансии нема таков вработен  што ќе го затвори трезорот. Сите ќе функционираат,  ликвидноста ќе функционира, а правата ќе ги оствариме согласно законите, отворени сме да разговараме со нив, рече Бесими. 

За случајот, потенцираше, чекаме конечна одлука. Тие допрва се организираат затоа што во финансии немало посебен синдикат, треба да се регистрираат и има уште неколку процедури.  Раководството кај нас се има сретнато со претставници на УПОЗ имаме разбирање, но  упатува јасна порака до јавноста дека трезорот ќе работи, ќе има плати и ќе се извршат сите трансакции не само до крај на годината туку и после тоа, рече Бесими. 

Вработени во Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки – членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), од вчера протестираат поради времената мерка со која им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто. 

Најавија дека „постои опасност од затворање на трезорот, доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто“.  Исто така, работата на Бирото за јавни набавки да прекине, со што ниту една институција во државата нема да може да набави што било, а Управата за имотно правни работи нема да ги работи експропријациите.

Уставниот суд на седница на 5. месецов поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот. Како што информираа од Уставен суд, донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека Судот конечно не е произнесен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy