Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Има се, може се! Единаесетмина газди на рудник за линит во Берово ќе поделат 132.000 евра дивиденда!
Економија

Има се, може се! Единаесетмина газди на рудник за линит во Берово ќе поделат 132.000 евра дивиденда!

11/07/2023

AA

Во Македонија може пристојно да се живее и од вадење јаглен. Беровска компанија има 11 акционери кои ќе поделат 132.000 евра дивиденда од нивните акции во рудникот БРИК. А и платата на 14 вработени таму лани била пристојна. Во просек 535 по лице

Единаесетмина акционери на приватен рудник за јаглен – лигнит од Берово ќе поделат 132.000евра бруто дивиденда од заработката на нивната компанија БРИК во 2022 година. Оваа одлука е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност и е достапна на следниот линк https://mse.mk/mk/announcement/6/7/2023/Brik-AD-Berovo/Financial-data-and-dividends

Беровски БРИК е единствената приватна компанија за ископ на јаглен во Македонија и нејзиното седиште е во Берово, поголемиот од двата градови во Малешевијата регион познат како македонска Швајцарија заради неговото богатство со шуми.

Од официјалните податоци за БРИК Берово достапни во извештајот на независните ревизори за 2022 година пишува дека оваа компанија има вкупно 11 акционери кои поседуваат речиси 99 отсто од акциите на компанијата. Остатокот од 1,2 отсто од акциите со право на глас е во сопствен откуп на беровската компанија и тие се стерилизарни односно, согласно со позитивната законска регулатива, не носат право на глас ниту пак право на дивиденда.

Меѓу овие 11 акционери, има шестмина од кои секој има повеќе од 5 отсто од сите акции со право на глас. Тоа значи дека секој од нив во најлош случај ќе добие околу 6.600 евра бруто дивиденда за своите акции во БРИК.

Беровскиот рудник лани имал одлична година ако се спореди со претходната 2021 година. Неговите приходи од продажба лани изнесуваат 710.000 евра, а речиси 250.000 евра. Од таа добивка повеќе од половина ќе биде исплатена како дивиденда на единаесетмината сопственици на акции.

Интересно е тоа што БРИК лани имал 14 вработени, а за нивните плати во нето износ друштвото потрошило 90.000 евра. Тоа значи дека просечно секој од вработените во оваа мала, но успешна беровска компанија, имал просечна месечна нето плата од околу 535 евра.

И до овде се е добро. Единствен проблем за сите потенцијални инвеститори е тоа што акцијата на БРИК не може да се најде во продажба затоа што нема слободи акции. Сезнае дека нејзината номинална вредност е 51 евро, но не може да се најде податок за нејзината берзанска цена затоа што таа акција одамна не е тргувана на Македонската берза за хартии од вредност.

Р. Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy