Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ПРОПУСТИ: ДСЗИ го објави извештајот за смртта на новороденче во Битола
Македонија

ИМА ПРОПУСТИ: ДСЗИ го објави извештајот за смртта на новороденче во Битола

12/04/2023

AA

Државниот санитарен и здравствен инспектортат го објави извештајот со вонредниот инспекциски надзор извршен во текот на вчерашниот ден, а во врска со смртта на новороденчен во битолската Клиничка биолница.

Во извештајот се посочува за лекувањето и третманот на родилката В.К кај која дошло до смрт кај нејзиното новороднче.


Од увидот во медицинската евиденција и документација која се води во пишана и во електронска форма, како и од изјавите дадени од докторите гинеколози – акушери кои учествуваа во лекувањето и третманот на родилката (д-р М. В, д-р Х Ѓ и , д-р М. А) констатирана е дека родилката В. К првпат се јавила на преглед во установата на 08.04.2023, а прегледот е извршен од дежурниот лекар на одделението за гинекологија и акушерство д-р М.В.

На ден 09.04. 2023 год. пациентката е примена на одделението за гинекологија и акушерство со искреиран упат од истиот дежурен лекар кој претходно го извршил прегледот, во 02.25 мин. Запис за прием креиран во 02.34 мин, историја на болест отворена во 02.39 мин. По изјава на дежурниот лекар, пациентката била примена на одделението поради болки. Прв направен ЦТГ запис во 02.10 часот, земена е крв за биохемиска анализа во 03.11 часот;. Дополнително направени уште два ЦТГ записи и тоа во 03.30 ч и од 06.20ч со потпис од дежурниот лекар д-р М.В. По приемот на пациентката на одделението за гинекологија и акушерство на 09.04.2023г во утринските часови, по изјава на д-р М.В дадена и е терапија, по што е пуштена дома поради тоа што „раѓањето не било започнато“, пациентката била отпуштена дома со препорака доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението. Во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо. Исто така нема евидентирано анамнеза и статус на пациенката од страна на дежурниот лекар кој го извршил приемот.


По изјава на лекарите специјалисти по гинекологија и акушерство кои биле дежурни во наредната смена, на ден 09.04.2023г, пациентката В.К околу 14.00 часот се јавила на одделението, и по извршениот клинички преглед во амбулантата направен е ЦТГ запис во 14.15 часот

По препораката за прием заради отпочнато породување, со оглед на утврдената состојба при извршениот преглед, констатирано е дека за неа веќе е отворена историја на болест. Пациентката е примена во предродилна сала, направен е ЦТГ запис во 15.00 часот и извршено е породување по природен пат со употреба на вакум екстрактор при излез. Дежурните лекари во наредната смена изјавуваат дека при примопредавањето на дежурството не им било пренесено дека за пациентката В.К претходно е отворена историја на болест и извршен прием на одделението, ниту пак во рапортната тетратка на докторите или медицинските сестри е евидентиран приемот на истата во ноќните часови.


За време на породувањето присутен е и специјалист педијатар – неонатолог. Од увидот во неонатолошкиот картон за лекување и третман на новороденото на В.К констатирано е дека уредно се пополнети сите рубрики. Родено е живо машко дете со АПГАР 2. По неуспешна 10 минутна реанимација од страна на неонатологот, повикан е анестезиолог и контактирана е ЈЗУ УК за детски болести и побаран е транспорт со инкубатор. И покрај упорната реанимација во траење од 2,35 часа во 18.25 ч. констатирана е смрт на новороденото од страна на присутните лекари специјалист педијатар – неонатологот и специјалист анестезиолог. Телото е предадено на обдукција со пополнети потврда за смрт и лекарски извештај за причина за смрт, а во пријавата за породување истото е нотирано, се посочува во извештајот на ДЗС.

Докторите специјалисти кој учествувале во лекувањето и третманот на пациентката и новороденото имаат лиценци за работа кои се во рок на важност, а за константираните недостатоци од страна на ДСЗИ ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В, за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на здравството.

За д-р М. В ќе биде изречена и прекршочна мерка по чл.313 ст.1 т.2 од Законот за здравствена заштита, се истакнува во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспектортат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy