Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Има напукнат столб на мост на Црна Река – комбиниран превоз од Скопје за Гевгелија и обратно, граѓаните користат воз-автобус-воз!
Македонија

Има напукнат столб на мост на Црна Река – комбиниран превоз од Скопје за Гевгелија и обратно, граѓаните користат воз-автобус-воз!

15/11/2023

AA

Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот – и патнички и товарен. Но, патничкиот сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици – Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Во соопштението се додава дека пожарникарите од Битола во период од 17:37 до 18:33 часот, со едно противпожарно возило и тричлен тим, интервенирале на запалена ниска вегетација, сува трева и грмушки, на стариот пат за село Могила. Помали интервенции имале пожарникарите, по една, од Валандово, од Кавадарци и од Охрид, а две – пожарникарите од Скопје.

– Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи, имало вкупно 1.583 повици. „Реални“ повици за итни случаи имало 31,59 отсто. Имало 68,41 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон полицијата биле упатени 54,60 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош -38,65 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 1,84 отсто. Кон ЦУК имало 4,91 проценти од итните повици, што е во рамки на просекот од три до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 68,41 отсто од другите, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се додава во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од Единствениот број за итни случаи Е-112, добиле информација дека на крстосницата на улицата „Варшавска“ со Булеварот „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.

– Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје, пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, пишува во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ

10/11/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во

10/11/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

10/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство

10/11/2026
Македонија

ГО ФАТИЛЕ СО 3,23 ПРОМИЛИ, А ПО ДВА ДЕНА СО

10/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ КРСТОВ БАРА ИВА МИХАИЛОВА ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ЗА

10/11/2026
Македонија

ИМ ЈА УРНАЛ КУЌАТА, ГИ ОСТАВИЛ БЕЗ НОВА Кумановски сопружници

10/11/2026
Македонија

ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК ОДИ НА МИСЛЕЊЕ ВО ЕВРОПСКАТА

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46702
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Законските измени се нужни

10/11/2026

Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во односите со Литванија

10/11/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на работната посета на Литванија оствари билатерална средба

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА Дополнителни 60 милиони евра за

10/11/2026

Со 67 гласови за, 15 против и ниту еден воздржан Собранието го усвои вториот ребаланс на буџетот за 2026 година.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy