Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ЛИ СПАС ЗА НЕКОГАШНИОТ ГРАДЕЖЕН ГИГАНТ – „Бетон“ за лани објави загуба од пет милиони евра, помала од претходно, денеска има рочиште за стечај
Економија

ИМА ЛИ СПАС ЗА НЕКОГАШНИОТ ГРАДЕЖЕН ГИГАНТ – „Бетон“ за лани објави загуба од пет милиони евра, помала од претходно, денеска има рочиште за стечај

17/03/2023

AA

Додека
денеска се очекува ново рочиште околу предлогот да одат во стечај, „Бетон“
Скопје објави финансиски извештај во кој говори за намалување на загубата лани,
во однос на претходната 2021 година. Што ќе рече дека градежната компанија и
лани работела во зоната на негативата, но сепак нејзината загуба е повеќе од
двојно помала во однос на една година претходно.

Или, Билансот
на успех на компнијата говори дека лани „Бетон“ работел со загуба од 5,1
милиони евра, додека, пак, во 2021 година загубата била дури 12,7 милиони евра.

Што ќе значи овој малку ублажен негативен финансиски резултат за некогаш
силниот градежен гигант, а сега проблематична компанија за која вработените и
другите доверители побараа банкрот со цел да може да си ги наплатат
побарувањата, веројатно ќе биде многу појасно после денешното рочиште.

Ако се
погледне грубо Билансот на успех на „Бетон“, ќе се забележи дека лани во однос
на 2021 година се намалени и приходите и расходите на компанијата, но кај
расходите намалувањето е многу поголемо, што влијаело и врз намалувањето на
загубата.

Па
така, вкупните приходи на компанијата лани биле на ниво од 7,5 милиони евра,
што е дури ни нецела половина од оние приходи што градежната компанија ги
остварила една година претходно.

Уште
поголемо намалување има од приходите остварени на домашниот пазар, па тие не се
ни една третина од оние од претходната година, додека, пак, приходи од странски
пазари воопшто не се остварени.

Но,
затоа значајно зголемување „Бетон“ има кај ставката останати оперативни
приходи, каде зголемувањето е дури 177 проценти во однос на 2021, достигнувајќи
ниво од дури 3,6 милиони евра, што значајно ја зајакнува билансната позиција на
компанијата.

На
расходната страна, пак, се гледа дека вкупните расходи изнесуваат 12 милиони
евра, што е за 57 отсто помалку во однос на една година претхоно.

Намалени
се и сите други расходи, вклучително и трошоците за вработените, каде
намалувањето е за 55 проценти. Или, за плати на вработените лани биле исплатени
2,3 милиони евра.

Ако се
погледне билансот на состојба на „Бетон“, може да се види дека обврските на
компанијата се намалени за 27 проценти во однос на 2021 година, но сепак тие се
сеуште многу високи и изнесуваат дури 19 милиони евра.

Последното
рочиште за „Бетон“ се одржа пред еден месец, односно точно на 17 февруари, и
тогаш тоа беше одложено, бидејќи, како што соопшти Синдикатот, тоа го барал
привремениот стечаен управник на компанијата. Од Сојузот на синдикатите
на Македонија тогаш информираа дека работниците до крај ќе ја тераат постапката за отворање стечај,
како би ги добиле своите шест заостанати плати. 

„Денешното рочиште по Предлогот за отворање
на стечајна постапка е одложено, по барање на привремениот стечаен управник, за да
се исплатат заостанатите плати на вработените, за кои е покрената постапката со
Предлогот за отворање на стечајна постапка односно за престанок на
работодавачот. Рочиштето е одложено за 17 март оваа година. 
Работодавачот ДГ Бетон АД Скопје веќе шести месец нема исплатено
плата, а сметката на компанијата е затворена односно боликирана повеќе од 45
дена, што е доволен основ за отварање на стечај на работодавачот и материјално
обезбедување на работниците“, напишаа тогаш во соопштението од Синдикатот.

Оттаму нагласија и дека работниците се одлучни да ја водат постапката до крај, за да ги добијат нивните плати, а доколку е
потребно, друга група вработени бара да се поведе и нова
постапка и за овие шест месеци неисплатена плата кон нив, а за што се спремни
да поднесат и нов Предлог за отворање на стечајн.

Лани Берзата
објави дека ги прпширува причините поради кои „Бетон“ се наоѓа на нејзината
Листа на набљудување. 
Всушност, „Бетон“ на таа листа беше ставен уште на крајот на
август лани, откако компанијата објави дека има блокирана
сметка. Но, потоа потребата од внимателнсот се прошири уште
повеќе со поведената претходна постапка за стечај.

Инаку, градежната компанија, преку ценовно чувствителна
информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека таа ќе успее
да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што
рекоа, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на
деловните банки да ги наплатат своите кредити.

„Бетон“ во својата објава призна дека оваа 2022 година е несомнено
најтешката година од нивното постоење.

Главни акционери во „Бетон“ се компании на бизнисменот Минчо
Јорданов.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy