Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ЛИ ПЛАФОН ЗА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ?! Наспроти очекувањата недвижностите пак поскапуваат
Економија

ИМА ЛИ ПЛАФОН ЗА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ?! Наспроти очекувањата недвижностите пак поскапуваат

04/09/2024

AA

Цените на
градежните материјали имаат многу мало намалување објави Државниот завод за статистика, но од друга страна има раст на трошоците за
работниците во градежништвото. Иако во Македонија платите се ниски, сепак,
градежниот сектор не покажува знаци на стагнација, ниту пак знаци за намалување на
цените на недвижностите.

– 
Во второто
тримесечје од 2024 година, во споредба со првото тримесечје од 2024 година,
трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски
за 0,1 отсто, трошоците за материјали за 0,7 проценти, а трошоците за вработените
се повисоки за 1,2 отсто – наведуваат статистичарите, но од друга страна многу
поголеми се разликите ако се прави споредба на годишно ниво.

Имено, во споредба со вториот квартал 2023
година трошоците за материјали за 11,8 проценти, но трошоците за
вработените се повисоки за 5,8 отсто.

Последните
податоци на Народната банка пак покажаа дека цените на недвижностите во Скопје
се зголемиле за високи 11,5 проценти во вториот квартал од годинава.

Цените на
недвижностите во Македонија по почетокот на пандемијата, но особено по
почетокот на војната во Украина значително пораснаа, што се должеше и на растот
на цените на градежните материјали, но и на поскапувањето на работата рака.

По интензивниот
период на поскапување на недвижностите, кој започна во четвртиот квартал од
2021 година, но продолжи и низ 2022 одина, лани беа забележани први знаци на
стагнација на цените на недвижностите.

Имено во првиот
квартал од годинава растот на цените беше само 4,7 отсто, додека квартал
претходно, или четвртиот кваратал од 2023 година растот на цените беше 6,9
отсто
.

Претходните
квартали беа забележани повисоки стапки на раст на цените на недвижнините, при
што врвот беше достигнат во третиот квартал од 2023 година кога поскапувањата
достигнаа 21,3 отсто.

Градежниците кои
ги контактиравме велат дека нема простор за намалување на цените на
недвижнините, нагласувајќи дека ниту цените на градежните материјали, ниту пак
останатите трошоци не оставаат простор за поевтинување.

Сега цените на
недвижнините во главниот град се движат од 1.300 евра нагоре за метар
квадратен, а веќе имаме локации или градби во централното јадро кои се
продаваат по цени кои надминуваат 2.000 илјади евра, но и такви за кои се бара 3.000 евра.

Упатените
уверуваат дека цените се слични со соседите, што е резултат на цените на
градежните материјали, но и на работната рака која ја има се помалку.

– 
Имаме
слични цени со регионот, можеби малку пониски, зависно од локацијата во Скопје,
или локацијата во другите градови, но секако најпримамлив е главниот град. Ако
цените на градежните материјали не се променат, и ако нема драстичено намалување, заминување на
работната сила, во наредниот период не би требало да растат, но не можеме да
гарантираме – вели градежник познат во нашата редакција.

Побарувачката
според упатените не е намалена, напротив, особено за Скопје секогаш има купци.

– 
Интерес
има, продажбата не е секогаш со ист интензитет, но се продаваат становите. Нас
не ни се случило некој стан да остане непродаден подолг период. За неколку месеци
вообичаено становите се продаваат, сепак, е тоа скап продукт, кој не може
веднаш да се продаде. И понатаму локациите играат главна улога, местоположбата
и очекувањата за развој на една локација – велат од една агенција за
недвижности во Скопје. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41486
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната покривка на планините

15/02/2026

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy