Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ЛИ КОХЕЗИЈА ДА СЕ ПРЕСЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ГОРДИЕВ ЈАЗОЛ?
Економија

ИМА ЛИ КОХЕЗИЈА ДА СЕ ПРЕСЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ГОРДИЕВ ЈАЗОЛ?

20/02/2023

AA

Декларацијата на Комората објавена на денот на стогодишнината и
Стратегијата за развој 2022-2042 се почетната основа за разрешување на ова
круцијално прашање- постигнување договор помеѓу приватниот и јавниот сектор за
изнаоѓање консензус и утврдување приоритети.


Гледајќи
ја актуелната економска ситуација во земјава, како во учебник можат да се
издиференцираат неколку работи:

Прво, големите очекувања на
бизнисот дека во текот на зимата ќе заврши украинската криза дефинитивно
исчезнаа;

Второ, големите очекувања на
бинзисот дека регионалните иницијативи и политики ќе дадат резултат дефинитивно
исчезнаа;

Трето, големите очекувања на
бизнисот дека на домашен план ќе се постигне консензус околу главните економски
приоритети како да спласнуваат.

Високите бројки на економските
прогнози веројатно го покриваат претходно кажаното. И сега, просто и
едноставно, ако некој бизнисмен излезе и јавно прозбори за ситуацијата, тоа ќе
биде како со крпа избришано, со цитирањата на очекуваните прогнози на
странските финансиски институции и домашните предвидувања за растот на БДП,
инвестиционата активност и извозот.  Нели во животот најтешко е кога не
можеш да најдеш зборови со кои ќе ја поткрепиш својата теза. Се нешто ти
недостасува за формулациите да бидат јасни, прецизни и разбирливи. Ете, тоа нам
бизнисмените ни се случува деновиве. 

Високите
бројки на економските прогнози веројатно го покриваат претходно кажаното. И
сега, просто и едноставно, ако некој бизнисмен излезе и јавно прозбори за
ситуацијата, тоа ќе биде како со крпа избришано, со цитирањата на очекуваните
прогнози на странските финансиски институции и домашните предвидувања за растот
на БДП, инвестиционата активност и извозот.  Нели во животот најтешко е
кога не можеш да најдеш зборови со кои ќе ја поткрепиш својата теза. Се нешто
ти недостасува за формулациите да бидат јасни, прецизни и разбирливи. Ете, тоа
нам бизнисмените ни се случува деновиве.

Минхенската
безбедносна конференција, го собра целиот светски крем на едно место, наспроти
нерешавањето на украинскиот конфликт, кој претставува извор на светската
нестабилност и економската предвидливост ја сведува на теорија. Војната може да
трае и со децении, но светот не се откажува од конференциите и институциите кои
треба да ги превенираат кризите туку упорно ги претставува како локации каде
нешто се случува. Не е важно да се реши украинскиот конфликт, важно е да се
биде на Минхенската конференција, бидејќи ако таму не си виден, си никој и
ништо во меѓународните односи.

„Копаоник
бизнис форумот“, наспроти се поизвесниот судир од Северот на Косово околу
“табличките” – Не е важно како ќе се превенира тој судир. Важно е да
се биде на „Копаоник бизнис форумот“, со можност покрај форумот, да се
искористи времето и за скијање.

Па
и ние да не сме подалеку од другите, цела година се “туркаме” кој ќе
биде панелист на некаква трибина со бомбастичен наслов, наместо да ги решаваме
проблемите.

Какво е размислувањето на секој
бизнисмен во Македонија? Неизвесноста ги убива. Економските прогнози ги
иритираат. Можниот раст на инфлацијата ги вознемирува. Честото менување на
законската регулатива ги докрајчува.
Може ли во таква ситуација да се мисли
на развојот и инвестициите? Во исто време те растрчуваат од лево на десно,
напред- назад, кон промени на Законот за работни односи, регулативата за
одобрување на работни дозволи, солидарниот данок, двојазични декларации, ограничени
маржи, и сето тоа зачинето со блокади на Собранието, кое како да стана
нациионална дисциплина. Значи, наместо да се насочиме кон зголемување на
извозот, продуктивноста и додадената вредност, ние трчаме од крај на крај да
спречиме донесување на решенија кои само ја усложнуваат позицијата на бизнисот.
 Додека тоа го правиме, „меѓу нозе“ ни поминува експресниот воз кој со
брзина од 30 км/час не носи кон напредните технологии и развојот кој самошто не
пристигнал.  

И на крајот, нормално секој ќе постави
прашање: Каде е излезот? Излезот е во консензусот и приоритетите.
Но, тоа има
огромно влијание врз позициите и рејтингот на политичките партии, а тоа пак
директно влијае на желбата да се утврдат приоритетите и да се изгради
консензусот. Значи, нешто како гордиев јазол. Епа еве шанса по втор пат да се
појави некој што ќе го пресече Гордиевиот јазол, ама нема да се вика Александар
Македонски. И ако за разрешување на нашиот затворен круг е потребен консензус и
приоритет, тоа е подобрување на сите сегменти на владеењето на правото, а и
пазарните законитости.

Оваа
констатација изнесена илјада пати досега, како да не може да исплива на
површина, а најтрагично е тоа што и ние самите бизнисмени не можеме да се
доискажеме за да може секој да не сфати што зборуваме.

П.С.
Ние бизнисмените имаме еден избор. Тоа е упорноста, упорноста и упорноста. Друг
избор немаме, зашто следејќи ги прогнозите за економскиот раст на државата во
текот на идната година, сигурни сме само во едно – дека тој неколку пати ќе
биде ревидиран. А тоа значи тапкање во место.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
Македонија

НАВРЕДАТА КОН ЕДНА Е НАВРЕДА ВРЗ СИТЕ ЖЕНИ Пешевска жестоко

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41353
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО ЈА КОНЗУМИРААТ“ Заев и Филипче

11/02/2026

Екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев и актуелниот лидер на партијата Венко Филипче не само што се инволвирани во трговијата со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy