Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ – кои се всушност нивните мотиви?
Економија

ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ – кои се всушност нивните мотиви?

29/09/2023

AA

По одлуката на Владата да се пишмани од претходното административно спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука, во јавноста сѐ повеќе се зборува дека дел од активистите кои настапуваат против отворањето на рудникот, работат за нечии други интереси, кои немаат никаква врска со заштитата на здравјето, животната средина и земјоделството.

Иницијативата „И здравје и работа“ соопшти дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот „Иловица-Штука“, локалното население и целата македонска јавност нема пристап до сите релевантни информации во врска со технолошкиот процес за изградба на рудникот.

Тие прашуваат кој има фирма што работи за потребите за рудник кој врши експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 километри од „Иловица-Штука“ и дали е точно дека ако овој рудник се отвори, претходниот рудник за бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети?

Еден од најгласните активисти против рудникот „Иловица-Штука“ Костадин Ристоманов, неодамна во телевизиско гостување во локалната телевизија „Вис“ изјави дека претходно соработувал со рудникот Бучим.

– Работев, да, во Бучим од 2004 година до 2008 година кога почна вистинското обновување на капацитетите на Бучим. Ние реновиравме канцеларии, водоводи, пукнати цевки, бањи, опрема и внатре мебел – рече Ристоманов, кој своевремено соработувал со единствениот рудник во земјава кој врши експлоатација на бакар.

Ристоманов беше избран за советник во општината Ново Село, од иницијативата „Стига“, на локалните избори во 2021 година.

Во истото интервју Ристоманов додаде дека имал информации дека рудникот Бучим имал намера да преземе дел од работата на планираниот рудник во Иловица-Штука. Односно, во Бучим да се врши т.н. флотација за одвојување на рудата од јаловината. Оваа понуда концесионерот во Иловица-Штука, „Еуромакс ресоурцес“ ја одбил.

Токму процесот на флотација е еден од главните аргументи на еко-активистите во нападите кон планираниот рудник во југоистокот. Тие обвинуваат дека инвеститорот ќе користи цијанид, иако со законските измени од 2019 година во Законот за минерални суровини оваа материја е забранета за новоотворените рудници, но не и за постоечките кои веќе функционираат.

– Имам точно потврдени информации дека се преговарало и разговарало за опцијата како да дојдат до некоја вин-вин ситуација. Тогашниот менаџмент на Бучим имал предлог до премиерот, а премиерот разговарал со Еуромакс околу можноста овде само да се копа, а таму да се врши флотацијата, бидејќи таму имале капацитети. Но, менаџментот на Еуромакс тоа категорично го одбил. Па така, единствената врска со Бучим е таа. Тие предлагаа таму да се врши флотацијата, овде само да се копа, но и таа опција е отфрлена – кажа Ристоманов.

Претходно во текот на годината, во интервјуата на Ристоманов може да се забележи дека тој дури и го фали процесот на флотација кој се врши во Бучим, а пренесе Плусинфо.

– Сум бил горе во Бучим на езерото и луѓето таму ловат риби. Каде што се користи таква технологија живеат риби внатре – рече Ристоманов во гостување во Алфа телевизија.

Упатените во рударскиот бизнис забележуваат дека никој од активистите кои бараат Владата трајно да ги одземе концесиите за „Иловица-Штука“ никогаш не протестирал и не побарал такво нешто за некој друг рудник.

Во меѓувреме, дел од инженерите кои не гледаат ништо спорно во изградбата на рудник за бакар во „Иловица-Штука“ повикаа „сите еко-активисти за кои има достапни информации дека работат за интереси на други рудници од Македонија, за партии и други држави-непријатели на НАТО да бидат соодветно неутрализирани“.

„Еуромакс ресоурсиес“ е носител на концесијата во Иловица каде еден од главните акционери е канадската корпорација „Трафигура“ која е светски рударски гигант.

Извор: Плусинфо

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46674
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти во Центарот за социјална работа

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани од СДСМ за обвинителот Савески

09/11/2026

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии, е ставот на Обвинителството

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy