Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ЕВТИНО И ВО ХРВАТСКА, ЦЕЛА ПИЦА, ПИВО И СЛАДОЛЕД ЗА САМО 10 ЕВРА: Турист од Британија кажа кој е најевтиниот хрватски град
Регион

ИМА ЕВТИНО И ВО ХРВАТСКА, ЦЕЛА ПИЦА, ПИВО И СЛАДОЛЕД ЗА САМО 10 ЕВРА: Турист од Британија кажа кој е најевтиниот хрватски град

19/08/2023

AA

Додека цените во
Хрватска стануваат се повеќе тема на дискусија, британскиот жител на Хвар, Пол
Бредбери, истражувал каде се крие најевтиниот град во земјата.

По серијата вести
за високите цени во Хрватска и бесот на локалните и странските медиуми,
Бредбери се запраша дали постои некаде спротивното – место каде што може да се
најдат основни работи како пиво, пица и сладолед по разумни цени.

– Неодамна
посетив еден локал во Далмација каде половина литарско шише пиво чинеше четири
евра. Набавната цена за тој производ е 1,05 евра со вклучен ДДВ. Не критикувам,
само констатирам, немам искуство со водење на кафуле. Тогаш открив дека во бар
на само 30 минути возење од Загреб, цената на пивото е намалена на
изненадувачки ниски 1,80 евра – пишува Бредбери за Total Croatia News.

Откако ги
истражувал локалните ресторани, открил дека цените на оброците значително се
разликуваат во Орославје. Таму, вели, може да се најдат пици од 7,20 евра,
големо пиво за 1,80 евра и сладолед од 1,20 евра. Вкупниот трошок за еден ваков
оброк е само 10,20 евра.

– Цело лето не
сум видел ништо толку евтино – пишува Британецот и наведува дека не се работи
за мали пици, туку такви какви што човек може да јаде.

Бредбери се
прашува дали Орославје можеби е најевтиниот град во Хрватска кога станува збор
за цените на ресторанската пица, пивото и сладоледот.

– Значи,
предизвикот е поставен. Дали е ова најевтиниот град во Хрватска за пица, пиво и
сладолед или може и подобро… – го завршува својот текст.

ФОТО: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy