![ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/kurs-slika-jpg.webp)
ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?
Постигната е согласност за дел од американскиот предлог за динарот.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека прашањето за српскиот динар во Косово мора итно да се реши и дека веќе има договор за дел од американскиот предлог за тоа прашање.
Од 1 февруари, Централната банка на Косово (ЦБК) почна да применува нова регулатива, со која се утврдува дека еврото е единствената валута што се користи за плаќање во готовина. Со тоа динарот е исклучен од употреба.
Според Османи, би било идеално да се постигне договор во Брисел на 19 март во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија, на ниво на главните преговарачи. Инаку, Србите на Косово се жалеа дека без динарот им е загрозен опстанокот. Западните земји реагираа до Приштина да најде излез за овој проблем.