
Им требале само 30 секунди: Маскирани мажи влегоа во продавница во скопски Сарај и украдоа 52 телефони!
Само за 30 секунди, две маскирани лица ограбиле продавница за мобилни телефони во скопската населба Сарај, одземајќи вкупно 52 уреди.
Безбедносните камери го снимиле моментот на грабежот, кој се одвивал брзо и координирано.
Сопствениците на продавницата се немоќни – велат дека засега немаат трага од сторителите ниту од украдените телефони.
Полицијата работи на идентификација и пронаоѓање на осомничените.